znaci-za-bezbednost-img1Знаци за безбедност и здравје при работа се знаци кои известуваат, упатуваат и предупредуваат за посебно однесување во текот на работата, преку активности и работни состојби кои даваат информации или упатство со помош на визуелни знаци, боја, светлечки, рачен или звучен сигнал и говорна комуникација, а во зависност од конкретниот случај на извршување на определени работи.

Потребата за користење на знаците е регулирано со Правилникот за знаци за безбедност и здравје при работа (Сл. Весник на РМ бр. 127/2007

Визуелни знаци – форми, бои, намена

Основна бојаГеометриски обликКонтрасна бојаБоја на графички симбол или текстЗначење или целПримери на примена
Црвена  krug БЕЛА ЦРНА Забрана Знаци за забрана
Знаци за запирање
Исклучување во случај на опасност
 kvadrat БЕЛА БЕЛА Заштита од пожари Обележување во заштитата од пожари, противпожарна опрема
Жолта  triagolnik ЦРНА ЦРНА Внимание
Можна опасност
Предупредување за опасност
Предупредување за препреки, премини и сл.
Зелена kvadrat
pravoagolnik
БЕЛА БЕЛА Без опасност
Известување
Прва помош
Излез во случај на опасност
Евакуација
Тушеви за итна употреба
Возила за итна помош
Сина  krug БЕЛА БЕЛА Наредба Обврска Обврска за носење на лична заштитна опрема, заштитна опрема и сл.
Информирање
 pravoagolnik БЕЛА БЕЛА Упатство Известување

Стандарди

znaci-za-bezbednost-img2EN ISO 7010: Овој стандард ги пропишува формата, бојата и графичкиот симбол за знаците за безбедност и здравје при работа.

znaci-za-bezbednost-img3ISO 3864-2: Графички симболи – безбедносни бои и безбедносни знаци. Принципи на дизајн и производство на безбедносни налепници.

ISO 7000: Грфички симболи за употреба на опрема.

ISO 9186-1: Графички симбол – тест методи – Дел 1: Методи за тестирање разбирливост.

ISO 9186-2: Графички симбол – тест методи – Дел 1: Методи за тестирање на квалитет на видливост.

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. Романија бб
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.