iso9001ДЕЈНОСТ
ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи. ПРОРИСК е формиран на 12.09.2011 година, а првите овластувања се добиени на 01.11.2011 година.

МОТО
Барањето на корисниците за професионална, брза, квалитетна услуга и услуга која ќе биде целосна е главната идеа водилка за формирање на друштвото.

СТРАТЕШКИ ФОКУС
Фокусирани сме на партнери кои се со странски капитал и кои знаат да го ценат квалитетот на услугата кој го нудиме. При тоа не ги изоставуваме и домашните партнери кои размислуваат на ист начин без разлика на нивната големина и искуство.

ПРИРАЧНИК ЗА КВАЛИТЕТ
pdfПрирачник за квалитет

ТИМ
Квалитетни услуги без квалитетен тим и квалитетен тим без квалитетни поединци е незамисливо. Затоа нашата заложба е сестраноста на поединците во тимот кој постојано се надополнува со квалитетни кадри. Нашиот тим во моментот го сочинуваат:
Вработени

  • Стевче Аврамовски – управител – магистер на правни науки
  • Борче Стојчевски – самостојно стручно лице – дипл.инж. заштита при работа
  • Васко Петковски - стручно лице - дипл.инж. заштита при работа
  • Александар Давидоски - стручно лице - дипл.инж. заштита при работа
  • Билјана Трајчева – стручно лице – дипл.технолог
  • Томе Горјанов   – стручно лице – дипл.електро инженер
  • Магдалена Петрова – дипл. инж. за ЗПР

Надворешни соработници

  • Ацо Јаневски – доктор на хемиски науки
  • Миладин Поповски – дипл инженер Технолог

ЧЛЕНСТВА
ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ членува во Македонското здружение за заштита при работа, Здружението за безбедност и здравје при работа „28 април“ како и во Стопанска комора на Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.

ТЕМЕЛНИ ВРЕДНОСТИ
Општествена одговорност
Како профитна организација се обврзуваме да ги унапредуваме знаењето и вештините на општеството во кое живееме. Нашата советодавна програма е осмислена да биде достапна на сите правни субјекти без разлика на нивната дејност, статус и можности.

Квалитет
Тежнееме кон континуирано унапредување на сите области во кои работиме со цел нашите услуги да бидат во тек со најновите меѓународни стандарди.

ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ

  • Човечкиот интелектуален капитал
  • Култура на друштвото
  • Демократичност
  • Креативност
  • Иновативност
  • Имагинација
  • Мотивација

НАШИ ЦЕЛИ

  • Едукација, едукација, едукација
  • Воспоставување и одржување на системи за квалитет
  • Да се зголеми обемот на работа секоја година за 10%

ДЕСЕТ ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА РАБОТИТЕ СО НАС

  • Технологија – при извршување на услугите користиме најсовремени инструменти и најнови методолошки пристапи
  • Спектар на услуги – комплетноста на услугите согласно законските барања, стандарди како и посебните барања на клиентите е предност која не можеме да ја занемариме
  • Одговорност – не постои лице кое не може да згреши. Разликата е во тоа што нашите грешки ги прифаќаме и корегираме пред да биде предоцна
  • Квалитет – највисок квалитет, иновативни решенија и посветеност кон клиентите за континуирано подобрување на услугите. Мислата дека не постои нешто што не може да се направи, потребни се само желба, знаење, време и финансии е водилка за нас, бидејки ги имаме сите потребни ресурси.
  • Размена на искуства – нашето друштво или вработени членуваат во повеќе професионални организации каде непосредно разменуваат искуство за решавање на постоечките проблеми
  • Тим – квалификувани, одговорни и услужно ориентирани поединци и тимови мотивирани од страна на јасно дефиниран систем на договорени цели и придобивки.
  • Односи со клиенти – долгогодишните односи на поединци со нашите клиенти, добавувачи и деловни партнери се темелат на создадена атмосфера на взаемна доверба и почитување
  • Развој – новите идеи кон потребите на клиентите со цел олеснување на нивната работа и воспоставување на квалитетни системи за безбедност се приоритет на ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ
  • Етика – спроведување на практики и процедури ориентирани кон меѓусебните односи кај клиентите и кај нас со цел подобрување на системот за безбедност

Цени  во однос на квалитет – нашата услуга е најевтина во однос на квалитетот кој го нудиме. Долгорочното гледање на услугата која ја извршуваме за Вас е повеќекратно исплатлива во однос на моменталната

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. Романија бб
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.