ВЕБ-билтенот во почетокот ќе го објавуваме секој парен месец во годината, но доколку се појават поголем број на интересенти времето на издавање ќе биде пократко. Отворени сме за соработка особено во пишувањето на стручни теми. Оваа година двата предпримерока ќе бидат достапни за сите. Почнувајки од наредната година од месец февруари пристап за симнување на содржините ќе имаат само лицата кои претходно прифатиле некој од нашите пакети на услуги.

ПРЕДПРИМЕРОК 1 (Октомври 2014)

ТЕМИ

  1. Актуелности
    1. pdfПредлог измена и дополна на Закон за безбедност и здравје при работа
      Во постапка е донесување на Измени и дополни на Законот за безбедност и здравје при работа. На 15.09.2014 година во Едукативниот центар М6 се одржа тркалезна маса организирана од нашите здруженија. Заклучоците можете да ги видите на веб страните на здруженијата, а предлогот можете да го превземете од нашата страна.
  2. Практична примена на законски и подзаконски акти
    1. pdfЗакон за безбедност и здравје при работа – практична примена (стручни лица за безбедност при работа)
      Нашиот закон за безбедност и здравје при работа од неговото донесување до денес има претрпено 5 измени во насока на подобрување на спроведувањето или усогласување со европската регулатива. Но дали постоечкиот систем поставен вака како што е може да се спроведе? Она што најлесно го разбираме е делот на спроведливост кај стручните лица за безбедност при работа.
  3. Стандарди во БЗР
    1. pdfСтандарди во БЗР - поим
      По дефиниција СТАНДАРД е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признато тело, со кој, заради општа и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определни активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување оптимален степен на уреденост во определно подрачје. 
  4. Мерење и мерна опрема
    1. pdfПараметри кои влијаат за избор на вистинската мерна опрема
      Целта на овој текст е да направи една кратка анализа на параметрите кои се особено важни за изборот на мерна опрема која ќе одговори на Вашата потреба. Иако најчесто клучен момент при изборот на мерниот уред е предвидената финансиска конструкција, сепак на крајот потребно е да се стават „на вага“ сите моменти за да се дознае која е вистинската вредност од неговото поседување.
  5. Хемиски и физички штетности
    1. pdfБучава – основни напомени
      Бучава е непосакуван звук. Звукот е вибрација која влегува и е детектирана од увото. Без звук стануваме дезориентирани, потребен ни е како извор на информации за околината и самите го создаваме како форма на комуникација (говор). Над одредена граница, бучавата може да предизвика физичко нарушување; може да доведе до нарушено здравје или да придонесе кон незгоди. Негативните ефекти на бучавата на работа вклучуваат стрес, иритабилност, загуба на ефикасност и лоши перформанси, попречување на комуникации и зголемен ризик од незгоди во дополнение на попречена или целосна загуба на слух.
  6. Лична заштитна опрема
    1. pdfЛична заштитна опрема - Законска обврска или потреба?
      Закон или законска обврска за користење и употреба на лична заштитна опрема постои во Република Македонија и обврска на сите нас е да го почитуваме Законот и спроведуваме законските обврски. Што се однесува до релевантноста, применливоста и објективноста на овој закон во реалната имплементација, е тема која е секогаш подложна на одредени професионални дебати. Но кога се работи за заштита и безбедноста на човечките животи, а со тоа и потикнување на општествената одговорност сите ние кои интензивно придонесуваме на различни начини да се подигне свеста и нивото за користење и употреба на лична заштитна опрема мора исто така да партиципираме во измените дополнувањата на Законските норми.
  7. Заштита од пожари
    1. pdfЗаштита од пожари - законска рамка од законот за БЗР
      Заштитата од пожари е значаен сегмент во работниот процес, преку нејзино соодветно практикување и почитувањето на законските норми и регулативи секој работодавач во голема мера го намалува ризикот за вработените како и ризикот за неговиот имот.
      Имајки го во предвид овој факт, секој работодавач законски е приморан да применува утврдени мерки и правила за Заштитата од пожари.
  8. АДР регулатива
    1. pdfАДР - Европска конвенција за меѓународен превоз на опасни материи во патниот сообраќај
      АДР Конвенцијата преставува меѓународна законска регулатива со која се регулира превозот на опасни материи во патниот сообраќај.
      Сите правни и физички лица кои вршат подготовка, превоз, товарање, претоварање или истоварање на опасни материи, или ако во текот на превозот, на било кој начин доаѓаат во контакт со опасните материи, мораат да бидат соодветно стручно оспособени за да можат на безбеден начин да бидат вклучени во превозот на опасните материи.
  9. Проектирање на заштита од пожари и безбедност и здравје при работа
    1. pdfПроектирање – основни начела
      Можеби еден од најважните сегменти за спроведувањето на заштитата од пожари и безбедноста и здравјето при работа. Добро осмислените мерки кои би се примениле уште во проектирањето овозможуваат понатамошно надградување или надополнување со други мерки се со цел зачувување на безбедноста и здравјето на вработените и намалување на последиците од евентуални несреќи.

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. Романија бб
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.