obuki slika1БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Еден од најважните сегменти во безбедноста и здравјето при работата  е запознавањето на вработените со опасностите и штетностите кои произлегуваат од работните места, ризиците со кои можат да се соочат вработените како и мерките кои се применети и треба да се применуваат за безбедно извршување на задачите. Поради тоа посебно внимание посветуваме на обуката на вработените кај нашите клиенти.

Обуките за безбедност и здравје при работа се изведуваат согласно член 31 од Законот за безбедност и здравје при работа. При изведување на обуките се придржуваме кон следниот редослед:

 

  • Снимање на работните операции кои се одвиваат во работниот процес.
  • Утврдување на групи за обука во зависност од работните места и работните задачи
  • Подготовка на програма за обука за секоја група пооделно
  • Изведување на обуките теоретски и практичен дел
  • Проверка на знаења со тестирање
  • Издавање на уверение за завршена обука за безбедност и здравје при работа
  • За лицата кои нема да го положат тестот се организира дополнителна обука со цел вработените да ги совладаат принципите за безбедно работење наменети за работните задачи кои ги извршуваат.

За изведување на обуките располагаме со високо стручен искусен кадар, техничка опрема за презентација, широка палета на ЛЗО за демонстрација и сопствена училница со капацитет до 20 лица.

По завршената обука лицата кои ја посетувале добиваат соодветни уверенија.

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВРАБОТЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Потребата за обука на претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа произлегува од член 32 од Законот за безбедност и здравје при работа. Пред отпочнување со обуката се подготвува програма според спецификата на дејноста на работодавците за чии претставници се изведува обуката. Исто така пред отпочнување на обуката на своите клиенти им подготвуваме акт со кој се уредува бројот на претставниците, начинот на бирање, начинот и формата на функционирање и начинот на обука согласно член 29 од ЗБЗР.

Обуката на претставници ја организираме преку синдикални организации или пак директно преку групација на работодавачи. Секоја година во договор со нашите партнери подготвуваме годишна програма за обука на претставници на вработени која ја објавуваме на нашата интернет страница.

Обуката за претставници може да се изведе и одделно за поединечен клиент.

ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
Ние не подготвуваме теми за полагање стручен испит за безбедност при работа, ние Ве учиме како да ги подготвите.

Оваа обука не е законска обврска. Поведени од потребата на сите оние кои сакаат да ни се придружат во друштвото на стручни лица за безбедност при работа и притоа да се стекнат со соодветни знаења во областа, ги организираме овие обуки за полагање на стручен испит за безбедност при работа. Заедничката цел која се постигнува со овие обуки е подигнување на нивото на знаења на стручните лица за безбедност при работа. Обуките се организираат според два вида на програми. Основната програма е извршување на основни работни активности кај работодавачот согласно член 19 од ЗБЗР, додека проширената програма опфаќа дополнителни активности, односно подготовка на стручното лице за безбедност при работа за работа во овластени правни лица за безбедност при работа која опфаќа подготовка за обуки, за испитување на опрема за работа, за проценка на ризик со посложени методи, мерење на микроклима, физички и хемиски штетности. Вториот дел на обуката опфаќа и практична работа. За завршената обука учесниците добиваат соодветен сертификат.

obuki slika1Промотивната кампања на овие обуки е „ДА СЕ РАЗЛИКУВАМЕ ОД ОСТАНАТИТЕ“.СТРУЧНИ ЛИЦА
Поминувајки низ годините на континуирано доусовршување наидувавме на проблеми поврзани со можноста за размена на мислења и примената на светските искуства кај нас. Најчесто обуките кои се спроведуваа кај нас беа кратки со многу малку можност за дискусија и размена на искуства и понекогаш недостапни за сечиј џеб.

Нашата идеа е промоција на обуки каде ќе се разговара за конкретен проблем кој произлегува од праксата, каде како предавачи ќе бидат лица кои се сретнале со вакви проблеми и нудат одредени решенија. Темите во почетокот ќе бидат дефинирани од наша страна, а подоцна тема може да наметне било кој од нашите клиенти или би произлегла од Вашите прашања и барања на совети.

 

 Нашите обуки во првата фаза нема да Ви овозможат добивање на бодови за континуирана едукација, но ќе Ви овозможат нови знаења и размена на искуства.

За секоја обука учесниците ќе добиваат сертификати за учество на конкретните теми.

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. Романија бб
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.