Најавената обука во организација на ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ на тема Изјава за безбедност и проценка на ризик на работно место – практична примена (методи, техники, применливост, значење) се спроведе на 27.11.2014 година во хотел ИМПЕКСЕЛ 2. На обуката присуствуваа 33 лица од реномирани компании во Р. Македонија. Предавачи беа проф. др. Елисавета Стикова доктор по медицина на труд и Борче Стојчевски стручно лице за безбедност при работа. За успешноста на обуката оставаме да проговорат лицата кои беа учесници како и бројот на учесници кои би присуствувале на наредната обука која планираме да ја организираме во месец Февруари наредната година.

На сите присутни им благодариме на довербата која ни ја укажаа и се надеваме дека истата и понатаму ќе ја оправдуваме со организирање на обуки од ист тип, практични, за реални проблеми и теми кои другите ги избегнуваат.

Новости

  • Мерење на физички и хемиски штетности во рудник Тораница Крива Паланка

    Нашата посветеност кон партнерство, особено во решавањето на специфични проблеми во делот на безбедност и здравје при работа ја потврдивме

    Повеќе
  • Промоција на новите услуги на ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ

    На 03.10.2014 година на закажаната промоција на која се промовираа новата веб страната, е-билтенот и новите услуги кои ги нудиме

    Повеќе
  • Прирачник за безбедност и здравје на здравствените работници при професионална изложеност на ебола

    Почитувани колеги и пријатели,следејки ја нашата заложба за превентивното дејствување, во соработка со институтот за јавно здравје го поставуваме овој

    Повеќе
  • 1
  • 2

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. Романија бб
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.