lzo img1Личната заштитна опрема најчесто треба да биде последна мерка за безбедност и здравје при работа, но тоа не значи дека има најмало значење. Секогаш во предвид треба да се има фактот дека кога применуваме лична заштитна опрема сеуште постои одредена опасност или штетност која не сме ја избегнале со претходните мерки. Значи треба да бидеме свесни да избереме последна мерка, „соодветна“ лична заштитна опрема за да го намалиме влијанието на опасноста или штетноста врз вработениот. Затоа е важно да направиме правилен избор. Ова не значи да ги направиме вработените во оклопи па нивната работа да ја отежнеме до намалена продуктивност и здравствени проблеми поради носење на лична заштитна опрема (ЛЗО).

Во овој дел на нашата страна ќе се обидеме, европските стандарди за ЛЗО да ги направиме што е можно поблиски до Вас и да Ви помогнеме при изборот на ЛЗО во зависност од опасностите и штетностите кои ги има на работните места во Вашите компании.

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. Романија бб
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.