Долгогодишното наше искуство укажува на фактот дека на најголемиот дел од компаниите во Р.Македонија им е потребен стратешки партнер во оваа област. Особено во време кога законските решенија се турбулентни, недоволно јасни и фокусирани на еднократна услуга. Најчесто поставуваното прашање е: Ги имам сите документи, колку траат и дали ми треба нешто дополнително целосно да се „покријам“? За првпат кај нас сега можете да добите одговор на сите Ваши нејаснотии и прашања кои се јавуваат согласно соодветните законски решенија, а притоа да не остане „но“, „ама“ и слично. За првпат можете да добиете и совети кои не се врзани со законски решенија туку со подобрување на безбедноста и здравјето во Вашата компанија.

Зошто Ви е потребен консултантот за безбедност и здравје при работа?

  • Секогаш е подобро да имате сериозен стратешки партнер отколку ад хок решенија.
  • Имате едно и единствено место за совети за безбедноста и здравјето при работа.
  • Испорака на проактивни и практични совети и поддршка.
  • Линија за итни повици и правовремени совети.

Зошто Ви се потребни Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа и Клучните консултантски услуги?

Ефикасно управување со безбедноста и здравјето при работа е од витално значење за секоја компанија без разлика дали главната цел е правно усогласување или најдобра пракса. Ние сме во состојба да Ви понудиме професионални стручни совети, поддршка и насоки. Ние сме посветени на развој на безбедносни системи и давање на практични совети соодветни на Вашата дејност, ризицитекои ги имате и целите кои сакате да ги постигнете во делот на безбедноста и здравјето при работа. Развојот на стабилни системи за управување со безбедноста и здравјето при работа под водство на специјалист за поддршка, ќе помогне да се заштитат Вашите вработените и ќе и помогне на Вашата компанија да ги минимизира правните и финансиски ризици поврзани со несреќи на работа и болести во врска со работата или професионални болести. Ние можеме да обезбедиме широк спектар на можности за поддршка, развој, следење и одржување на системи за безбедност и здравје при работа и системи за управување вклучувајќи:

  • Подготовка / ажурирање на регистри со законска регулатива
  • Развој на политики и процедури
  • Развој на проценки на ризикот
  • Развој на обуки за безбедно работење
  • Ревизии и контроли на работни места
  • Управување и истрага на инциденти
  • Подготовка на фаза на изработка на планови за безбедност и здравје при работа

ПАКЕТИ НА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

    5% попуст
    • Договор за консултации
    • Достапност до Web-билтен
    • Неограничен број на совети за безбедност и здравје при работа преку телефон и е-маил*
    Попуст од 5% на сите услуги кои ги нудиме, а не се врзани со законските ограничувања.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • *Должината на разговор е максимално 10 минути во континуитет со пауза за наредно јавување од 1 час.

    Цена на пакетите
    Побарајте понуда и ќе се изненадите што се можете да добите за малку пари. Цената зависи од избраниот пакет, од големината на Вашата компанија, од ризиците во Вашата компанија и слично. Во секој случај цената е многу, многу помала и од најмалата казна која би ја изрекле инспекторите за труд, а да не зборуваме за трошоците кои можат да бидат при повреда на работа. Вклучете се во нашиот систем на консултации и ќе ги видите Вашите придобивки.

    За нас

    ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

     

    Контакт

    Тел. 00 389 2 2549 689
    Моб. +389 71 352 450
     

    ул. Романија бб
    Скопје, Р. Македонија
     

    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.